ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/4/18 9:16 AM

20 величествени: Топ листа од најпопуларни музеи на светот

Дека Лувр е прв на листата на најпопуларни музеи е нешто што лесно може да се претпостави. Но, дали би можеле да ги наброите сите 20?

Покрај Париз, најпосетени музеи на годишно ниво имаат и американските и азиските градови.

Кина е дом на дури седум најдобро рангирани, но Лувр е убедливо најдобриот, бидејќи минатата година го посетија дури 8,1 милиони туристи, што е за 10 отсто повеќе во однос на една година порано.

Во најголемиот музеј на светот од 60.600 квадратни метри невозможно е да се прегледаат сите ремек-дела за време на една посета. Ако секој посетител потроши барем 30 секунди на секое дело, би му биле потребни околу 100 дена да ги погледне сите.

Во музејот има 7.500 слики, а 66 отсто од нив ги потпишуваат француски уметници.

Во прилог погледнете ја листата од 20 најпосетени музеи на светот:

1. Музејот Лувр во Париз

2. Кинескиот национален музеј во Пекинг

3. Национален музеј за авијација и вселена во Вашингтон

4. Музеј Метрополитен во Њујорк

5. Ватикански музеј

6. Шангајски музеј на уметност и технологија

7. Национален музеј на природна историја во Вашингтон

8. Британски музеј

9. Галерија Тејт модерн во Лондон

10. Национална галерија на уметности во Вашингтон

11. Национална галерија во Лондон

12. Американски природен музеј во Њујорк

13. Национален музеј на палатата во Тајпеј

14. Природен музеј во Лондон

15. Музеј Ермитаж во Санкт-Петербург

16. Кинески музеј на уметноста и технологијата во Пекинг

17. Музеј на кралицата Софија во Мадрид

18. Национален музеј на американската историја

19. Музеј Викторија и Алберта во Лондон

20. Национален центар на уметност и култура Жорж Помпиду


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1