– ММС
Uncategorized

Ангела Меркел во карантин под сомнеж за коронавирус

Германската канцеларка вечерва е сместена во домашна изолација откако се утврди дека била третирана од лекар за кој во меѓувреме се востанови дека е заразен од новиот коронавирус.

Портпаролот на германската влада потврди дека канцеларката Ангела Меркел од вечерва е во домашен карантин и од таму ќе ги извршува државничките обврски.

„Канцеларката одлучи да се смести во домашна изолација веднаш. Ќе биде секојдневно тестирана во следните денови и ќе работи од дома“, соопшти владата.
Лекарот, за кој подоцна се утврди дека е заразен со Ковид-19, во петокот ја посетил Меркел за да ја вакцинира против бактерија на пневмокока.
Ќе биде потребно време за да се утврди дали и канцеларката е заразена, затоа што тестот во моментов нема да биде дефинитивен.

Претходно денеска, Меркел ги најави заострените мерки за заштита од ширење на коронавирус во земјата. Според новите правила, граѓаните мора да ги ограничат контактите на апсолутен минимум, да одржуваат дистанца еден од друг од најмалку 1,5 метри, потоа излегување е дозволено само на членовите на исто домаќинство или во групи од најмногу двајца. Групни собирања на повеќе од двајца се целосно забранети.
Рестораните кои досега работеа, сега ќе мора да затворат, но смеат да испорачуваат храна. Фризери, козметички студија и салони за масажа целосно се затвораат.
Компании или институции кои се уште работат, особено оние кои имаат директни контакти со јавноста, мораат стриктно да ги почитуваат правилата за хигиена, а нивните вработени да имаат адекватна заштита.
На граѓаните се уште им е дозволено да излегуваат во купување храна, да одат на лекар, да им помагаат на други, и да спортуваат, рече Меркел.


Извор: DW

Лограње

X

Регистрација