ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/4/18 8:54 AM

20 години „Фондација Трифун Костовски“

Длабоко сум убеден дека на човека му е дадено да дарува, пред се себеси и тоа е единствениот начин да раснеме, да го заслужиме нашето постоење, вели бизнисменот, филантроп и поранешен градоначалник на Скопје Трифун Костовски. Фондацијата која тој ја основаше при Академијата годинава го чествува 20 годишниот јубилеј и има поддржано над 100 научно –уметнички уметнички проекти во МАНУ.

„Немаше претседател на МАНУ да не биде фактички претседател на самата фондација. Изборот на делата на, на активностите на Фондацијата беше строго контролиран од еден навистина професионален тим, создаден од дел академици, дел мои пријатели, дел од моето семејство. Така што сметам дека низ овие дваесет години за она што беше основана ја потврди својата мисија“, вели Костовски.

За Костовски важно е бизнис заедницата да се вклучи во поддршката, не само на актуелните културни процеси, туку и во други сегменти на општеството.

“Корпоративната одговорност на секој сегмент кој денес кој функционира на ниво на Република Македонија секако мора да биде дел од потребите на секојдневната заедница. Да помага, дали на полето на културата, дали на спортот, на уметноста, дали во развој на одредени политички структури, да бараме нови луѓе, нови кадри кои навистина ќе не изнесат на вистинскиот пат , каде треба да оди оваа наша држава“, вели тој.

Во рамките на одбележувањето на јубилејот на Фондацијата беше промовирана и книгата 20 години Фондација ’Трифун Костовски’“, со поднаслов „За филантропството на семејството Костовски“ во издание на МАНУ.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1