ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/4/18 8:52 AM

НаТочак влезе во НУБ

Во знак на почит кон граѓанската иницијатива НаТочак, која со години континуирано работи на подигање на урбаната свест во нашиот град, НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје организираше изложба од 73 постери од Критична mаса.

Постерите се различни графички решенија инспирирани од активистичкиот чин на младите скопски ентузијасти, групирани според стилот. Од алтернативните па сѐ до меинстрим дизајнерите, веќе со години го поддржуваат движењето НаТочак, преобразувајќи го активистичкиот чин во уметност.

Изложбата е поставена во новиот галериски простор на Библиотеката, каде може да се погледне од 10 до 15 часот и ќе трае до (вклучително и) вторник 5 јуни.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1