ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/4/18 8:45 AM

Нејмар: Се’ уште не сум целосно подготвен

Фудбалерот,  Нејмар кој вчера се врати на теренот по повредата на глуждот, не се чувствува целосно подготвен – пренесе Македонската информативна агенција.

Нејмар кој го постигна водечкиот гол за „Кариоките“ во победата над Хрватска (2:0) очекува до почетокот на Светското првенство закажано за 14 јуни да биде во топ-форма.

-Поминаа три месеци откако се повредив. Се радувам што бев во можност да се вратам и при тоа постигнав гол. Среќен сум. Секој ден се подобрувам. Сега сум подготвен за 80 проценти. Очекувам за Мундијалот да бидам целосно подготвен, истакна Нејмар.

Бразил на Мундијалот во Русија ќе игра во Е-групата заедно со Швајцарија, Костарика и Србија.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1