– ММС
Вести Култура

Бесплатно прикажување на претстави на МНТ на „Youtube“

Македонскиот народен театар најави бесплатно прикажување на претстави на нивниот „Јутуб“ канал, секој ден од утре со почеток во 20 часот.

Утре, 18 март, ќе се прикажува претставата „Сомнително лице“, понатаму на 19 март -„Изгубени Германци“, 20 март – „Парите се отепувачка“, 23 март – „Да тргнеме Сењор“ и 24 март -„Мајсторот и Маргарита“.

„Останете дома, почитувајте ги препораките, бидете со нас и гледајте нѐ онлајн“, порачуваат од МНТ.

Лограње

X

Регистрација