ММС

Објавено на: 03/16/20 4:10 PM

Универзитет Американ Колеџ, единствен со хибридна настава во земјата

Со оглед на новонастанатата ситуација во однос на ширењето и опасноста од вирусот
Ковид-19 и имајќи го предвид прогласувањето пандемија на светско ниво, Универзитет
Американ Колеџ Скопје ја известува јавноста дека пролетниот семестар на УАКС ќе се

организира како хибридна настава.

Грижејќи се за семејството на УАКС – студентите, наставниот кадар и администрацијата,
одлуката е донесена со претходна согласност од страна на Одборот за акредитација во
САД.
Наставата на Универзитетот ќе се организира и регулира со примена на познатата
видеоконференциска платформа WEBEX, што ја користат голем број светски
универзитети. За оваа платформа, Универзитетот обезбеди соодветен број лиценци за

сите студенти и професори.

Испитувањето и доставата на материјали за учење до студентите ќе се врши преку
платформата Moodle. Универзитетот веќе подолго време ја користи оваа платформа, а за
потребите на новонастанатата ситуација беше обезбедена подобрена верзија на Moodle,
што вклучува и тестирање. Универзитетот исто така обезбеди и соодветен број лиценци и

за професори, и за студенти.

Со надеж дека светската криза што поскоро ќе се надмине, УАКС останува посветен на
потребите на студентите и нивното образование. Токму во вакви времиња неопходно е да
се обезбеди што поквалитетно образование, со цел градење идни генерации кои успешно
ќе се соочат со предизвиците на светот и времето што доаѓа

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1