Во Берово од денеска мобилен тим за поддршка на стари и изнемоштени лица
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/16/20 10:43 AM

Во Берово од денеска мобилен тим за поддршка на стари и изнемоштени лица

Во Берово од денеска почнува да функционира мобилен тим за помош и подршка на стари и изнемоштени лица и лица со посебни потреби. Целта на формирањето на тимовите е поголема колективна безбедност и превенција на населението, во услови на актуелната состојба со КОВИД19.

-За да не остваруваат директен контакт со останатите лица и да се изложуваат на дополнителна опасност од инфицирање, доколку имаат потреба од набавка на лекарства, прехранбени производи и средства за хигиена, ќе можат да се до 18:00 часот, да се јават на следниве телефонски броеви: 033/550-999 – Старечки Дом „Д-р Иван Влашки” – Берово, 075/307-144 Живка Каламадевска, 071/384-771 Биљана Марковска и 078/568-818 Новица Печински, информира Општината.

Од 07:30 часот до 15:30 часот, како што додадоа на располагање е и телефонскиот број на општина Берово 033/471-057.

-После повикот, од страна на лице на кое што му е потребна помош или поддршка, мобилниот тим на општина Берово, доаѓа во домот на нарачателот, за да ја прими нарачката, со соодветни средства за набавка на истата, додадоа од општината.

Јавното здравје е заедничка одговорност и затоа почитувајќи ги мерките на Владата на Република Северна Македонија, изречени поради актуелната состојба со корона вирусот, сите заеднички да допринесеме, за никој да не биде погоден, додаде градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7