ММС

Автобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници од утре ќе сообраќаат по саботен возен ред

Јавното сообраќајно преторијатие Скопје информира дека од утре, (понеделник) поради намалена мобилност на населението и значително намалениот број на корисници на јавниот превоз, автобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници ќе сообраќаат по единствен саботен возен ред.

Возниот ред може да се види на веб страницата www.jsp.com.mk, а информации може да се добијат и во Диспечерски центар на (02)3173-224.

Одлуката ќе важи до 21 март 2020 година, а за евентуални промени, јавноста ќе биде навремено информирана.

Како што се наведува во соопштението, одлуката е донесена согласно препораките и преземените мерки на Владата на РСМ за превенција од ширење на коронавирусот