– ММС
Вести Македонија Сообраќаен Сервис

Утре завршува обврската за зимска опрема во возилата

Утре завршува обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата што беше воведена на 15 ноември лани.

Од АМСМ информираат и дека сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Се препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

МИА

Лограње

X

Регистрација