Од попладне дожд, кој ќе биде пообилен утре, а од понеделник стабилизација - ММС
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/14/20 6:31 AM

Од попладне дожд, кој ќе биде пообилен утре, а од понеделник стабилизација

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а попладне и вечер со повремени врнежи од дожд, некаде проследени и со ретки грмежи, прогнозира УХМР.

Утре времето ќе биде облачно и свежо со врнежи кои на места ќе бидат пообилни (над 20л/м2), а поради заладувањето на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер и дневната температура зачително ќе опадне. Од понеделник ќе настапи стабилизирање на времето со постепено зголемување на температурите.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7