Зошто некои луѓе брзо стареат додека други не, иако имаат еднакви години?
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/12/20 3:12 PM

Зошто некои луѓе брзо стареат додека други не, иако имаат еднакви години?

Истражувањето го спровеле научници од Универзитетот во Јужна Калифорнија и ги анализирале промените во ДНК кодот кај повеќе од 4.000 лица постари од 57 години.

Експертите велат дека некои луѓе стареат толку брзо што нивното тело е 40 години постаро од нивната реална возраст. Во исто време, физичката возраст на некои луѓе во 60-тите е неколку децении помлада од вистинската возраст.

„Некои луѓе кои имаат 57 години или повеќе, изгледаат како да се во дваесеттите, додека некои се чувствуваат како да имаат над 100 години“, изјави една од експертите кои го спровеле истражувањето, д-р Еилин Криминс.

Промените во гените ја проучуваат епигенетиката, а научниците анализираат кои навики можат лошо да влијаат на ДНК. Научниците откриле дека еден 66-годишник може да има биолошка возраст од 114, а друг 59-годишник од 23 години.

„Луѓето веруваат дека на основниот процес на стареење влијаат когнитивниот пад, болестите и инвалидитетот“, тврди Криминс.

Но, истражувањето открило дека на стареењето влијае пушењето, стресот и дебелината. Поточно, дебелината го забрзува стареењето за 18 месеци.

Извор: denar.mk


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7