– ММС
Култура

Македонската култура дел од изложба на руски уметник

Првите слики од оваа едиција ги создаде во земјава во 2010 година, инспириран од убавината на природата и гостопримството на народот.

Изложбата ќе биде отворена десет дена, а содржи 68 слики кои, според авторот, се пронижани со балканскиот дух.

На промоцијата настапија и артистите од театарот „Город“ кои изведоа фрагменти од „Чернодрински се враќа дома“ на Горан Стефановски, а претседателката на Македонскиот културен центар, Олга Панкина промовираше книги од македонски автори објавени во периодот 2019-2020 година во нејзин превод на руски јазик.

Беа промовирани „Собирачи на пепел“ од Давор Стојановски, „Раѓање на зборот. Македонски преводи од Олга Панкина“, „Македонски монолог“ – поезија од Гане Тодоровски, „Маџун“ од Влада Урошевиќ, „Разговор со Спиноза“ од Гоце Смилевски, „Пат на Итака“ од Мирјана Тренчева, „Не сум виновен за ништо“ од Тоде Ристо Блажевски и „Доилката“ од Лилјана Пандева.

Извор: denar.mk

Лограње

X

Регистрација