ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/12/20 12:35 PM

Филипче: Рестораните да работат до 18 часот, гостите да бидат оддалечени еден од друг

Министерот Филипче на денешната прес – конференција рече дека од Владата биле прифатени нови мерки – забрана за сите јавни и приватни собири без разлика на бројот на учесници.

„Забрана за сите јавни и приватни собири без разлика на обемот и бројката на учесници. Концерти, театри, кина, спортски сали и теретани. Кафитериите и рестораните да работат со скратено работно време до 18 часот и внатре капацитетот да биде преполовен, да се задржи дистанцата од 1,5 до 2 метри меѓу луѓето кои присуствуваат таму“, изјави министерот Филипче.

Од деветте пациенти кои се на инфективната клиника, шест се во стабилна состојба а кај тројца од нив има лесно влошување на состојбата. Тројцата пациенти се над 60 години, имаат отежнато дишење, но сеуште не им е потреба респираторна поддршка. Утрово на инфективна клиника се јавил и пациент кој се вратил од Германија на 7 март и неговите резултати се очекуваат во текот на денот.

Филипче напомена и дека Претседателот на Владата раговарал со претставниците на верските заедници, за строго придржување до овие мерки на владата, и се надева на општествена свест.

Во текот на вчерашниот била назначена и нова директорка на клиниката за дерматовенерологија.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7