– ММС
Забава

5 навики на најбогатиот човек во светот

Богатството на Џеф Безос е проценето на 121,1 милијарди долари. Ова се неговите навики кои секој може да ги усвои. Можеби нема да станете милијардер, но сигурно ќе бидете успешни.

1. Никаде не брза наутро

Додека некои излегуваат од кревет и сакаат да завршат сè што е можно поскоро, Безос ги прави работите бавно. Како што рекол, никогаш не навива аларм, туку си дозволува себе си природно да се разбуди. Потоа, поминува време читајќи ги вестите и ужива во доручекот со сопругата и децата.

2. Сите важни состаноци ги одржува пред ручекот

Безос обично ги закажува сите важни состаноци пред ручекот. Обично состаноците му почнуваат од 10:00 часот, по лесната утринска рутина.

Покрај тоа, неговите состаноци обично се кратки и не вклучуваат премногу луѓе одеднаш. Тој го опишува ова како „Тим за две пици“, што значи дека ако луѓето на состанокот не можат да се нахранат со два пици – ги има премногу.

3. Сам ги мие своите садови

Иако неговата сопруга никогаш не зборувала за ова, самиот Безос вели дека миењето садови после ручекот е нешто „најсексипилното што го прави“.

Иако не е целосно јасно зошто тоа го прави, неколку истражувања укажуваат на позитивните ефекти кое миењето садови ги има врз луѓето.

Така едно истражување покажало дека оние кои мијат садови имаат повеќе креативен набој, бидејќи простите механички задачи дозволуваат да размислуваме за различни работи.

4. Спие осум часа дневно

Џеф Безос се труди секоја вечер да има најмалку осум часа сон. Еднаш изјави дека оваа навика е важна, затоа што подобро размислува и е во повесело расположение кога доволно одмара.

„Како извршен директор, добивате плата да донесете мал број квалитетни одлуки“, изјави тој.

5. Планира на долг рок

Во случај да не сте знаеле, интернет страницата Amazon првично продавала книги.

Со време, работата на Безос напредувала, а он на тој трнлив пат жртвувал некои работи за да може да дојде до конечната цел.

На пример, знаел дека еден ден уредите за читање книги ќе бидат популарни, па своите корисници ги насочил постепено во таа насока и на крајот го создал Kindle.

Во бизнисот, како и во животот, способноста да се види поширока слика или да се види со години и децении однапред ќе биде она што ве издвојува.

Извор: denar.mk

Лограње

X

Регистрација