ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/11/20 12:40 PM

Верижен судир во Тетово: Камион за собирање смет оштетил шсет автомобили

Без повредени, а шест оштетени автомобили се последиците од сообраќајна несреќа утрово во Тетово кога камион на комуналното претријатие удрило во паркираните возила. Според првичните информации од сведоци на настанот, најверојатно камионот удрил во возилата поради проблем со сопирачките.

-Во 9 часот на улицата „Гоце Делчев” во Тетово е пријавено дека се случила сообраќајна несреќа со учество на камион управуван од Р.Ф (54) и шест паркирани патнички возила. Нема повредени, а голема материјална штета бележат паркираните возила. Извршен е увид за да се утврдат причините и деталите од незгодата, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Сообраќајката е случена во населбата Колтук каде камионот собирал смет.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1