По изолацијата, околу 80 дипломати конечно ја напуштија Северна Кореја - ММС
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/9/20 10:18 AM

По изолацијата, околу 80 дипломати конечно ја напуштија Северна Кореја

Околу 80 странци, кои заради превентива од коронавирус со недели беа во излолација во Пјингјанг, конечно ја напуштија Северна Кореја. Тие со авион на компанијаа „Ел Корио“, одлетаа за Владивосток, Русија, а тоа бил прв комерцијален лет од Северна Кореја во последниот месец. Меѓу нив се и дипломти од Германија, Франција, Русија, Полска, Швајцарија, Романија, Монголија, напишаа на Фејсбук од руската амбасада во Северна Кореја. Сите претходно од февруари наваму биле во излолација во своите домови.

Северна Кореја во текот на оваа година стави во изолација стотици странци, од кои најмногу дипломати, за да го сопре ширењето на коронавирусот. Во таа земја официјално се’ уште нема регистрирано случаи на коронавирус, иако многумина се сопмеваат во тоа зашто Северна Кореја граничи со Кина.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7