ММС

Објавено на: 03/5/20 10:16 AM

Венецуела: Мадуро во пресрет на 8 Март им порача на Венецуелките да раѓаат по шест деца

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, во гостување на телевизија каде што го промовирал планот за државен здравствен систем за  жените, на Венецуелките им порачал да „раѓаат, раѓаат“, да имаат по шест деца за „доброто на земјата“.

„Бог ве благословува кога подарувате живот“, рекол Мадуро, честитајќи им го на жените претстојниот празник 8 Март.

И Венецуела се соочува со „бела чума“, но не се знае како Мадуро пресметал дека таа ќе се реши точно со по шест деца.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.