ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/5/20 9:24 AM

На стогодишна возраст, почина некогашниот генерален секретар на ОН, Перез де Куељар

 

Некогашниот генерален секретар на Обединетите нации, Хавиер Перез де Куељар, почина на 100-годишна возраст, соопштија од ОН. Тој бешебеше генерален секретар на ОН два мандата, од 1982 до 1991 година и одигра значајна улога во завршувањето на војната меѓу Иран и Ирак, ослободувањето на американските заложници и постигнувањето мировен договор меѓу Камбоџа и Салвадор, наведуваат од ОН.

По кариерата во ОН, Де Куељар се ангажираше за повторно воспоставување демократија во родното Перу.

Неговиот син, Франциско Перез де Куељар изјави дека неговиот татко починал дома од природна смрт.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7