ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/4/20 2:35 PM

Долниот дел од реката Пена е затрупан со разни отпадоци

Долниот дел на Пена е затрупан со разни отпадоци. Местото е претворено во депонија. Од Општина Тетово најавија дека реката ќе ја исчистат наредниот месец.

Градежен шут, разновиден отпад се депонираат и пливаат во тетовската река Пена во нејзиниот долен дел. Реката е претворена во депонија. Граѓаните бараат Пена што поскоро да се исчисти, а инспекциските служби да вршат поголема контрола долж кејот на реката, со цел превентивно да  делуваат во заштита на животната средина

Неисчистеното корито на Пена, освен што ја загадува околината, може да предизвика и излевање на реката. На некои места половина од коритото на реката е затрупано со отпадоци и наноси од земја и кал, и при поголем пороен дожд, може водата од реката да се излее, посочуваат експертите.

Од Општина Тетово велат дека наредниот месец ќе започнат со активности за чистење на долниот дел од коритото на река Пена, откако ќе набават гориво и друга потребна опрема за оваа намена од страна на централните власти.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7