ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/3/20 3:06 PM

Виничиус го сруши рекордот на Меси во „Ел Класико“

Младата ѕвезда на Реал Мадрид, Виничиус беше во срцето на успехот на неговиот тим над Барселона во последното „Ел Класико“ во Шпанија. Пред очите на португалската легенда Кристијано Роналдо, Бразилецот го откри резултатот, а во текот на средбата Маријано Дијаз го оформи крајниот успех за „белите“ со 2-0.

Сепак, првиот гол на Виничиус се најде во книгите со рекорди. Бразилецот го подобри успехот не на било кој, туку на самиот Лионел Меси. Тој стана најмладиот фудбалер што постигнал гол во „Ел Класико“ во 21 век.

Деветнаесет-годишниот Виничиус го подобри рекордот на Меси за 26 дена.

Поминаа 1.954 дена или повеќе од 5 години од последната победа на Реал Мадрид над Барселона на „Сантијаго Бернабеу“.

Извор: denar.mk


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7