ММС

Објавено на: 03/3/20 11:54 AM

Граѓаните немаат подигнато 35 илјади изработени лични карти

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните чии нови лични карти се веќе испечатени да дојдат во подрачните единици на Министерството, онаму каде што аплицирале за издавање на овие документи, и да си ги подигнат.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во овој момент над 35 илјади лични карти што во изминатиот период беа изработени, не се подигнати од страна на граѓаните.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.