Пејачката и ракометарот се селат од Македонија, љубовта ја продолжуваат во Германија
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/2/20 3:05 PM

Пејачката и ракометарот се селат од Македонија, љубовта ја продолжуваат во Германија

Пејачката Зои и ракометарот Тадеј својата љубов ќе ја продолжат во Германија. Тие се заедно веќе четири години и додека тој играше за „Металург“ живееја заедно во Скопје а  летото го минуваа во Словенија, кај семејството на ракометарот. Но, сега кога веќе Тадеј  неколку месеци е дел од германски  ракоментен клуб, по него си заминува и Зои.

Германија е друга димензија, друг воздух дишат таму- Зои и Тадеј

-Додека бевме во Скопје имавме големи планови за нашата љубов. Кон крајот на минатата година требаше да ја озакониме, но почина баба ми, со која јас бев многу поврзана, и нашите планови ги одложивме.  Тадеј веќе неколку месеци е дел од ракометен клуб, презадоволен е од третманот и од приемот во клубот и не гледам причина зошто јас би останала овде без него. Имам уште некои обврски и кон крајот на месецов си заминувам и јас и ќе живееме во близина на Нирнберг. Јас еднаш бев колку да видам како е таму, но сега сум веќе со спакувани куфери. Германија е друга димензија, друг воздух дишат таму, вели Зои.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7