Кетрин Зита Џонс и Мајкл Даглас се разведуваат?
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 02/29/20 7:23 PM

Кетрин Зита Џонс и Мајкл Даглас се разведуваат?

Холивудскиот пар Мајкл  Даглас  и Кетрин Зита Џонс  се разведуваат. Ова го пишува американскиот магазин Старс, повикувајки се на извори блиски на семејството.Тие тврдат дека  Кетрин би можела да го напушти Мајкл и да затражи развод и покрај тешките моменти кои ги поминува семејството.-Таа веќе со години е несреќна, но се труди да го држи семејството на куп заради децата и заради свекорот Кирк.  Сега Кирк го нема, децата се веќе пораснати и нема потреба веќе да се мачи, кажал близок извор на Стар.

Изворот рекол и дека таа му била најголема поддршка на Кирк додека Мајкл постојано бил насочен на својата кариера.

-Таа сега сака да се посвети на својата кариера и да побегне од Мајкл и неговите глупости – рекол изворот.

Кетрин и Мајкл се во брак од 2000. година и го имаат синот Дилан (19) и ќерката Керис (16). Дали ова ќе биде вистина ќе покаже времето.  Кирк неодамна почина и имотот од 60 милиони долари не го остави на синовите. Околи 50 милиони долари ги подари во хуманитарни цели а  се уште не се знае што ќе се случи со останатите 10 милиони.

Фото: usmagazine.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7