– ММС
Вести Македонија

Откриени 40 мигранти во комби кај Штип, возачот уапсен

Вкупно 40 мигранти биле откриени во комби на магистралниот пат Штип-Радовиш, а возачот на комбито, велешанец бил приведен од полицијата, информира МВР.

„Синоќа во 23.00 часот на магистралниот пат Штип-Радовиш, полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции дале знак за запирање на патничко возило- комби ‘пежо‘ со велешки регистарски ознаки, но возачот не застанал и продолжил со движење кон Штип. Во близина на с.Лакавица запрел и при преглед во возилото биле пронајдени 40 мигранти, а возачот З.Б.(39) од Велес бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Штип за понатамошна постапка“, пишува во полицискиот билтен.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Лограње

X

Регистрација