– ММС
Забава

Мери Попова од МРТВ: Нема најава од ЕБУ за одложување на Евросонг

Ќе се одржи ли Изборот за песна на Евровизија или не? Ова прашање деновиве си го поставуваат фановите на оваа најголема музичка манифестација во Европа, по ширењето на корона вирусот, поради која се откажани многу други спортски и културни манифестации. Медиумите досега само претпоставуваат, но засега нема никаков одговор од надлежните.

-Не знам што ќе се случи. Ние немаме никакви најави од ЕБУ за одложување на Евросонг. Од нив секојдневно добиваме мејлови за тековни задачи, но не и информација околу одложување на евросонг.  Веќе сме во подготовка на спотот за песната „Ти“ со која Васил Гарванлиев ќе не претставува во мај во Ротердам а песната заедно со спотот ќе биде промовирана деновиве. Сеуште не сме го направиле и списокот на гостувања за промоција на песната во останатите држави, вели Мери Попова, шефица на македонската евровизиска делегација.

Холандските медиуми засега ги објавуваат само советите на виролозите околу превентивата од можноста корона вирусот да се прошири во Холандија.

– Ако ширењето на вирусот до мај не биде конторлирано, воопшто не е паметно да доведат толку многу луѓе на едно место. Мораме да размислиме за тоа и да ги ставиме луѓето на прво место,  а организаторите се сами свесни  за овој проблем.  Можно е вирусот побрзо да се шири во зимскиот период поради природата на заразата. Можеби во мај ќе имаме подобра ситуација, но сега е многу сериозно и многу спортски манифестации ќе мора да се одложат – изјавил холандскиот виролог Аб Остерхаус за нивните медиуми.

Евровизија ќе се одржи од 12 до 16 мај во Ротердам, Холандија, и иако до тогаш има уште повеќе од  два месеци, сепак, стравот е голем и од можното проширување на корона вирусот, но и од откажување на  65. Издание на Евровизија. Македонија годинава ќе ја претставува Васил Гарванлиев со песната „Ти“.

Лограње

X

Регистрација