– ММС
Вести Македонија

Кочанско Поле во пламен – 12 часа непрекината битка со пожарите

Цели12 часа, од 10 до 22,  кочанската протипожарна во полн состав непрекинато гасеше пожари на сите делови од Кочанско Поле.

– Гореше полето кај селата Прибачево, Мојанци, Грдовци, Чешиново, Оризари. Земјоделците не се откажуваат од нивните навики за спалување на стрништата, а вчерашниот ветар дополнително ја усложни состојбата, па Единицата со сите расположливи човечки и технички ресурси гасеше неколку пожари одеднаш. Само вчера изгореа 35 хектари, а оваа седмица околу 50 хектари земјоделски површини – соопшти Благојчо Паунов, командир на Територијалната противпожарна единица – Кочани.

Во доцните вечерни часови огнот стигнал само на стотина метри од бензинската пумпа кај Чешиново. Пожарникарите со огромен напор спречиле катастрофа. На магистралниот пат, помеѓу Облешево и Чешиново, огнот се споил од двете страни на полето, па имало застој во сообраќајот и полициска интервенција. Од разбеснетиот пламен биле спасени и делови од оранжериите „Добра“.

Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев ги повикува надлежните институции да ги преземат соодветните мерки и да побараат одговорност од сите што ги доведуваат во опасност безбедноста, здравјето и животот на жителите не само на Кочани, туку и на поширокиот регион.

Лограње

X

Регистрација