– ММС
Вести Свет

Очајнички оглас на врањанец: Горан продава бубрег за да го плати долгот за струја

За децата повеќе да не му живеат во мрак, Горан Мишиќ од јужниот српски град Врање завчера на Фејсбук објави несекојдневна понуда – сака да продаде свој бубрег на тој што му е потребен за да се спаси од долгот за електрична енергија од милион динари, пренесуваат српски медиуми.

Горан вели дека чукнал на многу врати, молел за помош, но никој не помогнал, па се одлучил да го понуди единственото што го има – здравјето, пишува „Вечерње новости“.

„Долгот датира од 2005 година и е сплет на повеќе несреќни животни околности. Фирмата во која што работев пропдна. И сестра ми што живееше со нас остана без работа, а сопругата не ми работеше. Чекав мојата фирма да ми исплати дел од обрските за да платам за струја. Но, ништо и од тоа, па долгот се натрупуваше“, раскажува Горан.

Додава дека со сопругата успевале само да ги прехренат децата и ништо повеќе од тоа. Верувал дека неговата некогашна фирма ќе ги исплати обврските кон него и оти некако ќе застане на нозе, но такво нешто не се случило.

„Децата ми се со слабо здравје. Син ми е опериран минатата година. Сестра ми е инвалид, но некако се снаоѓавме. За среќа, сопругата се вработи пред една година, па со нејзината плата можевме некако да крпиме, но првобитниот долг за струја од 696.000 деинари со судско решение стигна до еден милион и ние од 17 декември сме во мрак, Единствен начин да ги заработам тие пари и да ја вратам светлоста во моето семејство е да продадам бубрег“, вели Горан.

Лограње

X

Регистрација