– ММС
Вести избор на уредник Свет

Трамп: Ризикот од ширење на новиот коронавирус во САД останува низок

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ризикот од новиот коронавирус во САД останува многу мал.

Тој на прес-конференција во Вашингтон нагласи дека САД се подготвени да направат се што треба ако почне да се шири вирусот.

Трамп исто така рече дека би бил задоволен од секоја сума на средства што Конгресот би ја издвоил за борба против Ковид-19.Трамп воедно истакна дека побарале од Конгресот да бидат одобрени 2,5 милијарди долари за борба против вирусот и додаде дека е можно тие средства да бидат и повисоки.

Претседателот соопшти дека во САД се регистрирани 15 лица заразени од вирусот и дека дел од нив веќе се опоравуваат. Изрази надеж дека земјата нема да се соочи со заразата како што се случува во другите делови од светот.

Воедно, Трамп им порача на Американците да не се крева паника и да водат поголема сметка за себе и за своите семејства водејќи хигиена.

Американскиот претседател додаде и дека ќе побара од потпретседателот Мајк Пенс да ги води активностите за борба против коронавирусот, истакнувајќи дека САД се „многу, многу подготвени“ за каква било ситуација поврзана со новиот вирус.

На прес-конференцијата беа претставници и од службите во САД за справување со болести.

„Нашата стратегија за агресивно справување е причина што засега бројот на случаи е мал. Но, очекуваме уште случаи. Траекторијата на тоа што ќе следи во следните недели или месеци е непредвидлива“, рече Ен Шукат, заменик директорка на националниот Центар за превенција и контрола на болести.

Лограње

X

Регистрација