– ММС
Вести Свет

Потврдени 81.700 случаи на коронавирус во 40 земји во светот, 2.800 починати

Потврдени се повеќе од 81.700 случаи на новиот коронавирус во 40 земји во светот на сите континенти, освен на Антарктикот, а Светската здравствена организација (СЗО) објави дека за првпат од избувнувањето на епидемијата, бројот на заразени лица надвор од Кина во еден ден го надмина бројот на заразени во Кина.

Според дневниот извештај на СЗО, Кина објавила 412 нови случаи, а 459 пријавени надвор од Кина. Повеќе од половина од новите случаи надвор од Кина се пријавени во Јужна Кореја – 284.

Италија со 447 заразени, побара меѓународна поддршка за напори за спречување на епидемијата на вирусот корона во државата.

Досега вкупно се починати најмалку 2.800 луѓе од коронавирусот во Кина и во другите земји.

Во меѓувреме, американската компанија за биотехнологија „Модерна“ произвела експериментална вакцина за вирусот  и ја испратила до американските владини научници за тестирање, јавува Си-Ен-Ен.Руски научници развија пет прототипови на вакцината против новиот коронавирус што се уште се во почетни фази на истражување, соопшти руската вицепремиерка Татјана Голикова.

Лограње

X

Регистрација