– ММС
Вести Македонија

Санирани штетите од невремето во Скопје

До раните утрински часови екипите на Град Скопје ги санираа штетите предизвикани од ветерот кој синоќа дуваше со брзина од 70 километри на час.

Градоначалникот на Град Скопје,  Петре Шилегов, утринава изрази благодарност до службите на градот.

– Голема благодарност до службите на градот коишто неуморно работеа до раните утрински часови со цел да се отстранат препреките од улиците на Скопје. Се гордеам со Вас добри луѓе!!!, напиша Шилегов.

Најпогодена беше општина Карпош каде имаше откорнато дрва и покривни конструкции на неколку згради.

МИА

Лограње

X

Регистрација