– ММС
Вести Македонија

„Монструм“: Ќе сведочат Мијалков, Алексовски, Беџети, Џафери

Повторената судска постапка за предметот „Монструм” во Кривичниот суд во Скопје продолжува со искази на сведоците Синиша Алексовски, Сашо Мијалков, Блерим Беџети и Муса Џафери. Потребата од нивното сведочење произлегува од разговорите во „бомбите”, презентирани претходно во оваа судска постапка, каде што се слушаат или споменуваат имињата на денешните сведоци како лица што знаат нешто повеќе за петкратното убиство кај Смилковско Езеро, на 12 април 2012 година.

На последните рочишта за овој предмет сведочеа повеќе сегашни и поранешни функционери од извршната власт, меѓу кои и Гордана Јанкуловска, Зоран Заев, Али Ахмети, Бујар Османи, Џелал Бајрами и Љупчо Тодоровски-Радникот.

МИА

Лограње

X

Регистрација