– ММС
Вести Македонија

Денеска и утре постудено со дожд и снег, стабилизација од сабота

Претежно облачно и значително постудено со повремени врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места од снег, со умерен до засилен западен и северозападен ветер, кој на места ќе прави снежни наноси. Максималната температура до 12 степени. Тоа е прогнозата на УХМР за денеска.

Утре времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови каде на планинита ќе се формира снежна покривка од 15 до 25 см и ќе има појава на снежни наноси. Ќе дува засилен ветер претежно од северозападен правец. Од сабота стабилизација и постепено покачување на температурите.

Лограње

X

Регистрација