ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/31/18 10:01 AM

Вајнстин обвинет за силување и кривично сексуално дело, му се заканува 25-годинишна затворска казна

Филмскиот продуцент Харви Вајнстин е обвинет за силување и кривично сексуално дело, објави окружниот правобранител за Менхетен Сајрус Р.Венс. Ова е прв случај кој произлезе од низата на обвиненија за сексуални деликти против засрамениот 66-годишен основач на филмското студио Miramax и The Weinstein Company.

„Ова обвинение е за уште еден чекор поблиску до шансата обвинетиот да сноси одговорност за кривичните дела за кои сега е обвинет“, вели Сајрус Р.Венс.

Според неговите зборови, Вајнстин се обвинува за силување од прв и трет степен, односно за кривични сексуални дела од прв степен.

Бен Брафмен, лидер на правниот тим на Вајнстин, вели дека неговиот клиент ќе се изјасни како невин, односно дека „енергично ќе се бори против неоснованите обвиненија кои одлучно ги негира“.

Ако се прогласи виновен за најтешките точки од обвинението, на Вајнстин му се заканува затворска казна од пет до максимални 25 години.

Извор: МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1