ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/31/18 9:59 AM

Во Собранието продолжува конференцијата за улогата на Народниот правобранител во заштитата на човековите права

Денеска во Собранието продолжува меѓународната конференција со која се одбележува дваесетгодишното постоење на институцијата Народен правобранител во Земјава. Ова одбележување се совпаѓа со десеттиот состанок на Асоцијацијата на омбдусмани на Медитеранот, чиј домаќин овој пат е Македонија.

Народниот правобранител како заштитник на социјалните, културните и еколошките права – вака е насловена конференцијата која и денеска продолжува во Собранието на Република Македонија, како дел од одбележувањето на дваесетгодишното постоење на институцијата Народен правобранител во земјава.

Народниот правобранител, Иџет Мемети кој во јавноста вообичаено говори на македонски јазик, одговарајќи на новинарско прашање зошто не го користи правото на слободен говор и не се изразува на албански јазик, рече дека тоа претставува почит кон општествената сплотеност.

„Граѓаните се слободни по однос на се’. Секако и по однос на тоа како ќе се изразуваат, јас многу добро може да се изразувам и на македонски и на албански, тоа е почит кон сполетноста и кон она што значи потреба на нашето општество. Треба да се сплотиме по однос на се и само така ќе може да одиме напред. Најголем мој предизвик кога ја прифатив мисијата беше како да се справам со различностите, за жал многу ги имаме и малку придонесуваме тие да се бенефит на нашето општество. Како да сакаме тие да се хендикеп за општеството“, објасни Мемети кој застана на чело на оваа институција во 2004-година.

Одговарајќи на новинарско прашање колку може да биде позитивно, односно негативно тоа што тој веќе 14 години раководи со институција која постои 20 години, Мемети истакна дека во светот има 3 категории по однос на мандат на омбдусман:

„Едната категорија е со пократок мандат и се смета дека тоа ќе им помогне на омбдусманите да бидат понезависни, но тие имаат и многу хендикепи бидејќи завиат од честите промени.Има друга група, каде припаѓа институцијата од Македонија. Има осум години мандат а тоа како има позитивни, така и негативен аспект, но голем дел омбдусмани посакуваат пошироки мандати. Има и група со омбдусмани со доживотен мандат, а тоа го има во Велика Британија. Се смета дека тие секогаш може да опстојат и покрај политичките турбуленции. Ова се теоретски работи“.

На конференцијата која е од меѓународен карактер, денеска предвидено е обраќа да имаат омбдусманите на Кралството Мароко, на Грузија и на Косово.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1