ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/31/18 9:54 AM

Македонија и Косово ќе потпишат 15 нови договори

Владите на Македонија и на Косово наскоро треба да одржат заедничка седница, на која се очекува да бидат потпишани 15 нови меѓудржавни договори – пренесе МИА.

Косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај за „Епока е Ре“ изјави дека со договорите се предвидува соработка во областа на правото, безбедноста, здравството и економијата.

Аналитичарите Блерим Река и Имер Мушколај во изјава за весникот ја поздравиле иницијативата за заедничка меѓувладина седница, но нагласиле дека е потребно спроведување на веќе потпишаните договори.

Според нив, потребни се конкретни чекори за олеснување на животот на граѓаните од двете страни на границата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1