ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 02/25/20 12:30 PM

Египет: Почина Хосни Мубарак

Некогашниот египетски претседател Хосни Мубарак почина во 91. година од животот, јавуваат египетските медиуми.

Мубарак на чело на Египет беше речиси 30 години. Се повлече по големите демонстрации во 2011 година. Беше четври претседател на Египет, а на власт дојде во 1981 година.

Новите власти го ставија зад решетки поради обвинувањата поврзани со корупција, но беше пуштен од затвор во 2017 година, откако повеќето од обвинувањата беа отфрлени.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7