ММС

Објавено на: 02/24/20 5:59 PM

Сведоштво на нашинец од Италија: Испразнети маркети, празни улици и загриженост од вирусот

Девет луѓе заболеа од корона вирусот во реонот на Пајнченца, во Северна Италија, каде живеат околу 6000 Македонци. Заболени Македонци нема, меѓутоа, алармантно е, постои голема загриженост меѓу нашинците. Ова попладнево ни го изјави Стојан Маџов, кој повеќе години со семејството живее и работи во Пјаченца. Маџов вели дека живее на петнаесетина километри од жариштето на корна вирусот. Просторот е целосно во карантин. Македонски државјани има во повеќе области зафатени со корона вирусот.

– Властите смируваат дека нема потреба од паника, дека вирусот се држи под контрола, доколку се приржуваме на превентивните мерки. Меѓутоа веќе шест луѓе се мртви како резултат на вирусот. Во сите делови каде е регистирана заразата, Македонци има. Во Пијемонте, каде поголем граде е Торино, има неколку случаи на корона вирус, каде има 10.000-15.000 Македонци. Таму ситуацијата е алармантна. Друг регион со заболени од корона вирусот е регионот Венето, со Венеција како поголем град. И таму има доста Македонци, како и во Падова, каде веќе има починати лица, вели Маџов, кој како и другите макеоднски иселиници во Италија, ги следи препораките на Министерството за здравство. Учениците се на распуст, некои до први некои до 8 март. Засега тој и неговото семејство остануваат во Италија.

-По први март ќе кажат како понатаму со училиштата. Со семејството засега не планираме да се враќаме во Македонија. Ќе ги следиме инструкциите од Министерството за здравство на Италија, за тоа дали смееме да патуваме  и да ја напуштаме земјата, изјави Стојан Маџов, кој смета дека Велигденските празници ќе донесат раздвижување. Многу нашинци планираат враќање дома, со авои возила, со авион или автобуски превоз. Тоа ќе биде и првиот поголем ризик за македонските инстиуции.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1