ММС

Објавено на: 02/24/20 7:55 AM

Австрија блокираше воз од Италија поради коронавирусот

Австрија синоќа блокираше влез на воз од Италија поради сомнеж дека во него се двајца патници заразени со коронавирус. Возот сега чекал на Бренерскиот премин на територијата на Италија.

На сајтот „Ое24“, кој се повикува на извори од безбедносни агенции, се наведува дека во возот има две лица со симптоми на грозница и за нив се верувало дека се заразени со коронавирус. Австриската полиција, железницата и МВР засега не реагирале. Се истакнува и оти е стопиран железничкиот сообраќај кон Италија.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.