ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 02/23/20 11:25 AM

Фјури го победи Вајлдер со нокаут во седмата рунда

Во боксерски меч за светската титула во ВБЦ верзијата ноќеска во Лас Вегас, Тајсон Фјури го совлада Дионтеј Вајлдер со технички нокаут во седмата рунда.

Британецот најпрво во четвртата рунда го нокаутираше американскиот боксер.

Во четвртото коло Фјури го нокаутираше противникот за прв пат. Во петтата Вајлдер беше на подот на рингот уште еднаш, за во седмата рунда Фјури да му зададе серија удари по што судијата го прекина мечот.

За 31-годишниот Фјури ова беше 30. Победа на 31 меч, има и едно реми, додека 34-годишниот Вајлдер во текот на кариерата оствари 42 победи во 44 борби.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1