ММС

Принцезите нема да играат само во приказни, туку и на свадби

Агенцијата за свадби „Disney Weddings“ и бутикот „ Allure Bridals“ креирале колекција невестински фустани  и ја нарекле „Дизни принцес“, која содржи  16 модели инспирирани од хероините од омилените цртани филмови како што се Пепелашка, Ариел, Бел, Аурора, Покахонтас, Јасмин, Златокоса, Тиана и Снежана. Овие фустани, кои се направени од шифон, органза, тул, чипка и каменчиња, за прв пат же бидат претставени на Модната недела  во апрл во Њујорк.

Цените на фустаните ќе се движат од 1.200 до 10.000 долари.

„Многу девојчиња пораснаа воодушевувајки им се на принцезите, на нивните авантури, фустани и приказни. Секој од фустаните се изработуваше  со користење на софистицирани детали  инспирирани од легендарните ликови, изјавила директорката на бутикот, Кели Крум.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.