ММС

Шеесет единици крв собрани во крводарителска акција во тетовската касарна

Општинската организација на Црвениот крст во Тетово и Центар за Трансфузиона Медицина од Тетово организираа крводарителска акција во касарната на АРМ во градот „Кузман Јосифоски Питу”. Крв имаа можност да даруваат вработените и припадници на АРМ.

-Вкупно 60 единици крв се собрани од вработените и припадници на Армијата на Република Северна Македонија. Задоволни сме од одѕивот, акцијата беше еднодневна и траеше од 9 до 14 часот, информира Шклќим Мурати, секретар на тетовскиот Црвен крст.

Следната акција на Црвениот крст и Центарот за трансфузиона медицина е планирана за во месец март во средното стручното училиште „Моша Пијаде” Тетово.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.