ММС

Бренсон ја “запали” берзата: Акциите на Virgin Galactic веќе скокнаа 200 проценти

Акциите на компанијата Virgin Galactic, чиј сопственик е светски познатиот бизнисмен Ричард Бренсон, пораснаа од почетокот на годинава за дури 160 проценти.

Само во текот на вчерашниот ден, акциите на компанијата забележаа скок од 20 проценти за до крајот на тргувањето да ослабат.

Сепак, скокот од завидливи 160 проценти во 2020 година е последица на оптимизмот во поглед на плановите на компанијата за лансирање на комерцијални летови во вселената.

Virgin Galactic е се поблиску до лансирање на патници во вселената, бидејќи минатата недела го премести својот суборбитален авион SpaceShipTwo во своето комерцијално седиште во Ново Мексико.

Инвеститорите очигледно се возбудени поради потенцијалот на Virgin Galactic, иако во моментот е непрофитабилна и се очекува да продолжат да губат пари оваа и следната година.

Акциите на Virgin Galactic скокнаа скоро 200 проценти откако компанијата излезе на берза минатиот октомври.

Ако акциите на Virgin Galactic продолжат да растат, Џеф Безос и Елон Маск мора да ја разгледаат можноста Blue Origin и SpaceX да излезат на берза.

Шефовите на двете компании веќе се во трка вредна милијарди долари за вселената со Ричард Бренсон, а вистинската трка ќе се види кога сите конкурентски компании би биле на берзата.

Извор: denar.mk