– ММС
Вести избор на уредник Свет

Србија никогаш нема да дозволи укинување на Република Српска

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, оценува дека во Босна и Херцеговина на дело е тивка ревизија на Дејтонскиот договор, со која се тежнее кон укинување на рамноправноста.

Во интервју за телевизија „Прва“, изјавата на српскиот член на претседателството на БиХ, Милорад Додик „Довидување БиХ, добредојде РС-егзит“, Дачиќ ја нарече политичка борба.

-Не е тоа празна приказна, туку јасна порака. Ако продолжите со таква политика на угрозување на рамноправноста на српскиот народ, ќе имате проблеми, рече министерот.

Тој наведува дека Србија нема да дозволи укинување на Република Српска и дека такво нешто е просто невозможно. Говорејќи за улогата на Уставниот суд на БиХ, според Дејтонскиот договор, Дачиќ уште еднаш потенцираше дека Босна е создадена по американски модел во кој заедничките функции се одредуваат со консензуалност на ентитетите.

 

 

Лограње

X

Регистрација