– ММС
Вести избор на уредник Свет

Поради страв од „Big Brother“ oпштество ЕУ воведува правила за вештачка интелигенција

Европската комисија во среда ќе ја постави сцената за европски правила за иновација, сектор со кој досега доминирале две од најголемите светски сили, Кина и САД.

Комисијата како најсилен регулатор на моќ на ЕУ, сака да даде одговор на реалната загриженост на европските граѓани поради се поголемата важност и присутност на вештачката интелигенција во нивните животи. Загриженоста дополнително е зголемена по последните случувања во Кина и нејзината технологија за препознавање на лица.

-Многу е загрижувачки и застрашувачки она што го видов во Хонг Конг. Луѓето добиваат пораки „знаеме дека сте овде, можеби треба да се вратите дома“, вели потпретседателката на Комисијата, Маргет Вестагер.

Но наместо директна забрана или мораториум, за која е потреба поддршка од земјите членки, Вестагер пред новинарите во Брисел порачува до властите и компаниите да бидат внимателни.

-Постојат ли околности во кои препознавањето на лица треба да се одобри? Ако не постои регулација, тоа ќе биде насекаде, предупредува Вестагер.

Технологијата е често непрецизна и потребно е да се развива. Поранешната данска Министерка за финансии, потенцира дека вештачката интелигенција е опсежна тема и при воведувањето на овој пропис треба да се земе предвид неказнувањето на помалите иноватори, бидејќи од тоа профит би имале само големите играчи.

Големите технолошки компании како Фејсбук и Teнсент, во голем дел доаѓаат од САД или Кина, а Европа и понатаму се смета за регулативен лидер, особено поради правилата за заштита на податоци, кои се пример на останатите делови на светот. Но со вештачката интелигенција, Вестагер вели дека Европа сака да биде играч, а не само шериф.

-Ако сакаме нешто да кажеме за работите кои ги сметаме како ризични, тогаш треба ние самите да ги развиеме. Европа сака да има суверенитет над вештачката интелигенција, заштитувајќи ги своите мрежи, инфраструктура и истражувањата, заклучува Maргет Вестагер.

 

 

 

Лограње

X

Регистрација