– ММС
Вести Свет

Србија: Ѓорге и Мира се херои во Голија – на коњи се пробиваа низ снежните наноси и им помагаа на завеаните

Каде не можат возилата, таму можат тие. Претходната недела во Голија, поради големите снежни наноси, многу села беа отсечени од светот. За да им помогнат на комшиите од соседните села, Ѓорге (15) и Мира (11) како вистински херои јавајќи ги коњите се пробиваа низ снежните бури.

„Во саботата јас и тато заминавме. Големиот снег паѓаше преку ноќта и ја однесовме нашата баба, бидејќи беше болна и не можеше да се оди со кола. Јас го зедов мојот коњ и излегов пред тато“,вели Ѓорге за РТС.

Во селата Братљево и Ковилиј братот и сестрата носеа лекови, храна и основни намирници.

„Кога снегот беше голем, кога требаше на некој нешто да се однесе, јас го земав коњот и одев. Не е тешко. Коњот најмногу го сакам, се вика Вранац, го јавам од мојата седма година. Подобро ми е да одам со него за разлика од пеш и многу го сакам“, изјави Мира.

Иако невремето помина, Мира и Ѓорге не престанаа со нивните чичковци да ги обиколуваат планинските простори.

Секој слободен момент, Мира и Ѓорге го поминуваат во селото. Помагаат, ги чуваат овците и со коњите често се дружат. Затоа не им е тешко да им помагаат на комшиите и да ги совладаат снежните препреки.

Лограње

X

Регистрација