– ММС
Вести Свет

Трикратниот убиец од Сплит во затвор затрупан со љубовни писма од жени од цела Хрватска

Филип Завадлав, трикратниот убиец од Сплит, кому му следува судење за тоа, во притвор добива десетици љубовни писма. Досега примил повеќе од 30, а се испратени од жени на различни возрасти од речиси сите делови на Хрватска, но и од други земји. На младиот убиец му пишувале жени од Загреб, Риека, Ѓаково, Осиек, па дури и од далечниот Сиднеј. Барање да го посети во затворот доставило само едно женско лице, но било одбиено, пишува сплитска „Слободна Далмација“.

Во светот, па и во Хрватска, имало многу случаи кога осуденици за тешки кривични дела стануваат предмет на обожување на жени, а некои дури и склучиле бракови, потсетува сплитскиот дневен весник.

Филип Завадлав на 11 јануари во центарот на Сплит со 36 куршуми истрелани од автоматска пушка уби тројца што се возеле на два мотоцикла. На место беа убиени Марино Бобан (25) и Марин Паиќ Ожиќ (25), додека ранетиот Јурица Торлак (38) малку подоцна почина во сплитската болница. Според исказот на Завадлав, мотив за трикратното убиство му била одмазда за наводни изнуди, закани и физички напади врз него и неговиот помлад брат Станислав.

Лограње

X

Регистрација