– ММС
Вести избор на уредник Македонија

Русковска: Презентирав сѐ што ни беше доставено од МВР, нам тонски снимки не ни беа доставени.

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николовски на вчерашната прес конференција побара одговори на неколку прашања кои ги адресираше до Обвинителството, а се однесуваат на доказите од ПИ мерките кои беа презентирани на вчерашното рочиште за „Рекет“.

Како одоговор, шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска за Дојче Веле, вели дека презентирала тоа што на Обвинителството му било доставено од МВР.

„Презентирав сѐ што ни беше доставено. Нам тонски снимки не ни беа доставени. Ако МВР има тонски снимки, нека ни ги достави, веднаш ќе предложам да ги презентираме и изведеме како докази“, вели Рускоска за ДВ.

Таа потенцира дека реализацијата на тонското снимање зависи и од техниката, а се сомнева дека МВР има соодветна опрема.

„Знам каква опрема имаат. Технички не е лесно да се реализира тонско снимање, ако лицата кои се под ПИ мерки седат во угостителски објект каде има врева, а лицата што ги спроведуваат мерките седат на дистанца, во возило, на пример“, вели Рускоска.

Николовски на вчерашната прес конференција, ги повика надлежните лица да ги објават тонските записи во рамки на судот за да се слушне што зборувале Вице Заев и еден од осомничените во случајот Рекет, а го повика и Зоран Заев да каже што зборувал во август лани со Катица Јанева.

 

Лограње

X

Регистрација