– ММС
Забава

Љубовни цитати на големите умови

Буричкајќи по интернет денес се одлучивме на едно место да ги ставиме сите најубави љубовни цитати кои ги најдовме барајќи по интернет.

Овие мисли ќе ве потстетат колку е важно да се даде љубов, но и да ја примате во секој момент, секој ден, засекогаш.

Емануел Кант
„Без почит нема љубов“.

Јохан Волфганг Гете
„Никогаш вистински не љубел оној кој мисли дека љубовта е минлива“.

Артур Шопенхауер
„Зошто некои луѓе не се женат? Затоа што бракот е толку важна работа што не е одвишно да се размислува за него цел живот“.

Виктор Иго
„Чудна работа: првиот знак на вистинска љубов кај момчето е срамежливоста, а кај девојката смелоста“.

Ерих Фром
„Вистинската љубов е плод на внатрешната сила на битијата, а опфаќа грижа, почит, одговорност и знаење“.

Ингрид Бергман
„Бакнежот е слатка измама која природата ја смислила за да го прекине зборувањето кога зборовите ќе станат одвишни“.

Вилијам Шекспир
„Љубовта се раѓа, живее и умира во очите“.

Марк Твен
„За да ја почувствувате целосно силата на радоста, мора да имате некој со кого ќе ја поделите“.

 

Лограње

X

Регистрација