– ММС
Вести Свет

Koронавирус: Почина и директорот на болницата во Вухан, вкупно 1.873 починати

Вкупно 1.873 мртви, од кои 1.868 во Кина, а петмина во други земји, е последниот биланс на починати од коронавирусот од кој вкупно се заразени окоу 73.000 луѓе.

Меѓу починатите е и директорот на болницата Вухан Вучанг, неврохирургот Лиу Жиминг. Тој починал утрово по локално време, како втор истакнат лекар што му подлегнал на вирусот. Во почетокот на месецов милиони Кинези ја оплакуваа смртта на Ли Венлианг, лекарот што претходно беше укорен поради раното предупредување за коронавирусот.

Кина ќе ги означи како маченици здравствените работници што починаа во борбата против коронавирусот. Вкупно околу 780 милиони Кинези, околу половина од популацијата, се под некакви мерки на заштита. Се бараат што повеќе заштитни маски, а некои почнале со нив да ги заштитуваат и домашните миленици.

 

Лограње

X

Регистрација